vasilevaz

This WordPress.com site is the bee's knees

На крајот ќе се претвориш во луѓето кој поминале низ твојот живот.

Се плашев да ја допрам, беше толку наивно суштество, што секој би можел да ја почувствува нејзината наивност. Се доближив до неа, ја спуштив едната рака на нејзината нога, потоа другата. Морници ми поминаа низ телото, во тој момент покрај неа се чувствував како пропаднат неспособен фраер. Нај прво ја бакнав на чело, а потоа полека почнав да си играм со нејзината коса. Се доближив до нејзините усни со гордост, почнав да ја бакнувам.

Ја почувствував нејзината ладнокрвност, не се подмрднуваше, не ме сакаше знам, за инает ми правеше вака, само заради него.
За момент се тргнав од неа, а таа со нежен поглед се сврте кон мене, ме гледаше право во очи, а и не бев зачуден од нејзината интелигенција.
,,НАКРАЈОТ ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИШ ВО ЛУЃЕТО КОЈ ПОМИНАЛЕ НИЗ ТВОЈОТ ЖИВОТ”(тивко изусти и се врати во неговите прегратки, за жал не замина во реалноста.)

Безвременските љубовни бајќи, како глупави простопроширени реченици намерно опкружувајќи ја нашата мозочна маса.

Љубов?!- Непостои. Всушност незнам дали јас сум во ситуација на погрешно сфаќање на методот ,,љубов”, или ако можам да го наречам така.
Погрешно сте сфатиле. Не е љубов да се чувствувате осамено во полна просторија со луѓе, да не ви е важно што се случува околу вас туку само да се опседнувате со тоа што се случува во вас.
Ќе ве замолам сега, додека ги читате овие мои реченици и додека мислите дека сакам само да се ,,занесувам”, и дека немам ни Р од РАЗУМ, да размислете за личноста со која живеете, со која сте во моментот, или за која сонувате,
Дали вие навистина чувствувате љубов кон неа?!
Ќе пробам да се парафразирам со неколку прашања. Се што барам од вас е да земете еден лист хартија и да ги пишувате одговорите, а, со тоа да ги оставете сите тие чувства на тоа парче хартија.
*Дали ,,личноста” на која ги посветивте сиве мој претходни реченици и за која размислувате сега е во вашиот живот?!
*Колку време љубите?
*Сте биле ли во состојба да бидете разочарани поради неа?!

Сега вака, знам дека можеби моите размислувања се далеку од ваште но ќе пробам да ви ја разложам мојата психолошка филозофија на таа тема.
Ако личноста не е во вашиот живот, тогаш вие не сте во љубовна бајќа, а, по мое не грижете се не сте во опасност, нема разочарување.
Ако сакате некого повеќе од една година, тогаш тоа не е ни приближно до љубење.
Сте биле ли во состојба да бидете разочарани од љубов?! – Прашањето секако, има многу варијанти.
Многу поети пишуваат дека ако сакаш да успееш во љубовта, всушност мораш прво да поминеш низ многу бариери и да ризикуваш за да успееш.
Според мене размислувањата им се катастрофално грешни.
Ако имаш потреба од ризик за да љубиш, или да копнееш по некого, всушност тоа не е љубов.
Ризикот е несакан ефект на љубовта баш исто како и соништата.
Љубовта е дефинирана како ,,бајка”, а бајќите секогаш завршуваат со среќен крај. Тука лежи всушност и најголемиот проблем драги мој. Бајќите неможат да бидат вообразени во реалноста. Исто како и љубовта за која е потребен ризик може да биде исполнета.
Ризик за љубов не е потребен. Ако постојат бариери, љубовта не е достижна за вас. Всушност вие треба да се однесувате како ГОСПОДОВ КОМЛЕКС СО НЕА.

large (2)

Подобро спомени без душа, одколку душа без спомени…

Спомените немаат душа, спремни се во секој миг да ти ја прокоцкат среќата и да ти ја насликат со најубав спектар од бои суровата реалност. Луѓето без спомени се само болни персони што живеат за да умрат, го чекаат утрото само за да биде преплавено од лагите на мракот. Го живеат животот само за да умрат. Неможејќи да го сфатат фактот дека се умира за да се живее. Се љуби за да се загуби, се случува за да се сеќаваш.
Секој миг е само една играчка на егото што е во исчекување на нашата пропаст. Секоја перцепција е само нешто што ние го заслужуваме. Секоја мечта е само знак дека сме само нахранети од животот но не и здебелени од храна!

А лагите?! Лагите се само причина за смртта, не треба да се дружиме со нив само за да му докажеме да светот дека сме победници во различни ситуации.
Сеќавањата се само за силните луѓе, само за оние кој се на врвот во реализација на своите соништа.

Роденден на жената на која и го должам животот…

,,Март 18, 1981 година”- Обичен ден што за некој е само парче изгубено искушение избледено и со прашина од маглата на годините.
Но , за мене ден за кој живеам, ден кога ,,заблескала”, најсијајната, најгламурозната ѕвезда на небото. Ѕвезда роди ѕвезда. Ден кога на универзумот добил уште една играчка која била купена на попуст.
Мајка ми, само една од многуте играчки на животот која цел живот неможе да си ги собере своите делови, но сепак постои. Постои за нас, за да не израсне во личности кој и доликуваат на една таква силна жена. Жена-лавица.
Жена што ми подари живот, па се плашам да и подарам било каков подарок за нејзиниот роденден бидејќи нема да и доликува.
Ме научи дека животот е само игра во која сите ние сме губитници, ми подари нешто за кое си го продадов мојот живот- гените за пишување.
Ме научи дека во животот многу пати ќе бидеме повредени и облеани со солзи, но и дека солзите ќе и ги дезинфицираат сите бактерии на насмевката, па таа ќе заблеска со никаков сјај до сега.

На овој ден, нема да зборувам за веќе долго слушаните зборови дека мојата мајка е мојата хероина. Сакам само да и го честитам роденденот со една ружа и неколку просто-проширени реченици кој за неа вредат повеќе и од најскапиот подарок. Среќен роденден мамо!

download (1)

Љубовта постои за да биде почувствувана…

И кај тебе како љубовта?!-Прашањето во првите пет секунди почна полека да ме уништува. Ми направи парадокси низ умот. А, моето битие немаше друг излез освен да му се предаде на реалниот одговор кој никогаш немаше да биде даден. Очите веќе почнаа да се спремат да продаваат моите солзи по не знам кој пат, упорно изигравајќи мој ,,ривали” кој се во секојдевна дружба со мене. Моите усни во тој миг почнаа да прават чудни гримаси, беа спремни за лажливите фрази што требаа да бидат изговорени.

Супер.Одлично.Хах зарем тоа би требало да ме прашуваш како љубовта кај мене?!- Никогаш подобро не сум се чувствувала. Прекрасно ми е.Погледни ме само, очите ми блескаат, усните повеќе не ми се исушени, не сонувам повеќе за некоја си прегратка, напротив кај мене сега соновите за љубовта се применети во практична смисла.

Чекај, не, не. Застани. Спушти ја главата. Еј будало.
Дали мислиш дека ќе го прегрнеш со тоа што ќе правиш будала од себе. Со тоа што ќе ги мамиш своите чувства дека се е во ред?!
Не, не девојко. Нема откажување, ќе се бориш. Да, да, ќе се бориш и ќе излезеш од битката со победничка титула. Ти го сакаш него, не некој сосем трети што ќе ти падне во око. Него девојко, него. Вреди да се бориш за него, за вас. Вреди да го почувствуваш неговиот допир, вреди барем да се бориш за уште една негова насмевка, да си скршена за уште еден негов поглед. Зарем не вреди?!- Зарем нема со години да ја памиш неговата насмевка, наместо прегратката на некој друг што нема да ти предизвика чувство на љубов?!
Зарем нема да заборавиш што е љубов ако не си со него?!
Го сакаш знам и вреди да го заслужиш…..

Зуле Василева 2015

large (9)

Можеби мене ќе ме заборавиш, но спомените вечно ќе ти ја ,,јадат” душата……

И нема да мислам на тебе. И нема да плачам по тебе. И секогаш ,,нема” вешто ги убива моите непца. Нема да те заборавам, нема!
Ќе се навикнам без тебе, без твоите зборови, кој ме ,,зграпчија”. Да, ќе се навикнам дури и без твојата насмевка. Ќе заборавам се, твоите бакнежи, твоите прегратки, твојот инат.
Ќе ја заборавам дури и онаа ноќ кога заедно гледавме во ѕвездите. Бидејќи, за мене нема посветла ѕвезда од твоите очи.  Ќе го заборавам дури и твојот допир. Ќе те заборавам. Но знаеш што будалесто мое?!- Џабе ти е се. И некој девојќи кој немаат ни ,,У” од убавина, ни ,,К” од карактер. Се ти пропаѓа, не ти бега надимакот ,,пропаднат фраер”. Не ти вредат ни кафе-шеми, ни вечерни лутанја по градот.
Единственото нешто што вредеше кај тебе бев самата јас.
Колку и да се правиш на ,,три ипол”, неможеш да ме заборавиш никогаш. Сите оние кој ги нарекуваш ,,твои”, можат да бидат само бледа моја копија, неможат да ги имаат ни мојот прст, а камо ли мојата рака. Секогаш мил мој, кога ќе ја допреш неа јас ќе сум ти слика пред очите. А, кога ќе ја прегрнеш, сети се на топлината што ја имаше во мојата прегратка. Кога ќе ја допреш, сети се на ,,ледот” кој го обземуваше твоето тело. А, кога ќе ја бакнеш, на чувството што го имаше кога ќе ме бакнеше мене. Зарем не се чувствуваш банално кога ќе се сетиш КАКО СИ ИГРАШЕ СО МОЈОТ ПРАМЕН ОД КОСТА?!
Нема да заборавиш знам. Нема, се колнам.
Бидејќи тоа не беше љубов, тие беа некој чувства што ги имавме само јас и ти.
А за нив беше сведок само месечината…

large (4)

Koга сакав да те заборавам….

И можеби залудно го барам тој Август.
Тој месец кој за мене значеше живот.
Тој месец кога те имав пред себе а не во себе.
И можеби залудно ги барам тие сигнали на срцето.
А, можеби и залудно го проколнувам разумот.

И секогаш вешто се пронаоѓам во прегратките на утехата. Смислувам утешни зборови кој ме носат само кон пропаста.
Пропаста до која морам да чекорам со спуштени раце. Без ничиј допир, без ничиј неискажени зборови.

Моја казна е и секој детал на твоето лице. Тоа што беше ти.
И обично утехата пристига на полноќ. Кога ветрот ќе го заборави сонцето.
А, со тоа ќе ги однесе моите сеќавања и чувства.
Можеби ќе те посетат?!

Зуле Василева
Јануари 2015

yhf

Роденден на нашиот ангел, кој спие во вечноста…

Далечна, студена Јануарска ноќ,
ноќ во кој се пресметуваа земјата и небото,
ноќ во која на небото му беше подарена вечна ѕвезда.

Вечност, ангелски повик,
претставен во еден недостижен човек,
чиј епитети пред неговото име и не се потребни.

Тоше Проески!
име излеано од светите букви на вечноста,
име на еден најголем ангел.

Длабоко во далечината на сеќавањата,
сеуште твојот глас на љубовен повик го слушам.
А во светата ноќ
ликот твој ангелски го сонувам.

Стихови за тебе јас пишувам
а стихови твои во душа распишувам.
Твоето постоење Тоше,
за нас е вечност.
А, твоите ноти,
черкор кон тебе…

Твоето име,
за нас значи светлина.
Твојот глас ангелски ѕвон.
А овој ден,
најголем празник.
СРЕКЕН РОДЕНДЕН ВЕЧЕН ТОШЕ!

maxresdefault

Нашата приказна, која никогаш нема да биде раскажена….

A, го сакаш?!-Незнам, го држам цврсто за рака, се ежам од неговите допири се ,,гушам” од неговите прегратки. Но, никој неможе да го замени него знаеш.
Дури ни тој.
Но, веќе ми е и сеедно. Тешко ми е кога од употреба на заменката ,,ние” во прво лице множина, морам да се корегирам на ,,јас”. (прво лице еднина).
Секоја голтка чај ме потсека на таа зима, во која ние бевме владетели. Бидејќи само тој знаеше да ми ја подари и најголемата летна авантура во зима. Веќе неможам ни директно да и се препуштам на надежта. Неможам ни да се надевам, иако знам дека тоа не доликува на моите карактерни особености но ете. Некој луѓе неможат да бидат заедно во реалноста, но барем можат во соништата. Јас сеуште во моите мечти цврсто му ја стегам раката, сеуште го љубам. И не ми е во план да му дозволам да замине од моите прегратки. Во мене ќе владее засекогаш. Можеби и никогаш нема да биде како порано. И знам дека е така. Но тој секогаш ќе ме гали по косата, секогаш ќе спие во мене. Затоа што знам, дека тој си оди по неговиот пат, јас по мојот. А, патиштата ни се со километерска далечина. На различни краеви на светот.
Но, знам дека неговата насмевка секогаш ќе ми биде слика пред очите, неговите очи показател во мракот. А неговите зборови утеха во пропаста.
А, неговиот незаменлив глас, како и самиот тој сеуште ќе ми ѕвони во ушите раскажувајќи ми ги најубавите пред спиење.
Но, боли тоа колку и што несакам да признаам и да правам будала од себе.

Но знаеш, никогаш сум неможела и неможам да се помирам со фактот дека повеќе ни едно сониво разбушавено утро неможам да се размазувам со читањето на неговите пораки.
Но, само едно знам дека минатото секогаш ќе не чува заедно. Секогаш кога ќе помислам на него ќе ми ја враќа насмевката на лицето. Ке ми подарува смелост и ќе ме научи на многу работи во животот.
А, на сегашноста и на тоа што повеќе не му ја дршам раката, НЕМА ДА И ПОДАРАМ НИ УШТЕ ЕДНА МОЈА СОЛЗА.

Зуле Василева.

Ноември 2014

large (3)

Колку повеќе ја повредуваше, толку повеќе и дозволи да му стане СЕ!…

Стоеше на аголот од клубот свртена кон надвошната страна. Однатре се слушеа секакви мамурлаци и мириси од алхохол. Го бараше, цела ноќ. Парафразирачки кажано цел живот. Но неможеше да го пронајде, како земја да го имаше голтнато. Ја виде, само неа. Неговата ,,нова”. Всушност сите му беа нови! Неколку капки солза на врвот од шанкот. Но, онака од душа.
Но мистериозни солзи. Онака, никој да не ги забележи.
Не девојко. Не го смееш тоа. Погледни се барбико. Твојата шминка неможе да биде уништена заради неа. Таа е само една од многуте на неговиот список, но запомни убавице тие се само девојките на неговиот список. А ти, ти си девојката на неговото време, ти си девојката на неговиот живот.
Ти си единствена, каде и да оди секогаш ќе се враќа кај тебе. Колку и да се инати секогаш ќе си му единствениот животен благослов.

И после сите тие мисли ,,оп”, полн погодок. Ене го тој. Насмеан, единствен.
И да, секогаш само тој ,,нејзинион”.
-Еј!
Се смрзна, нејзиниот карактеристичен карактер за прв пат на оваа акција неможеше да реагира со реакција. Ја потпре раката на срцето, ја испушти онаа на разумот. Најпосле се реши да се сврте.
Тоа беше тој, единствениот насмеан и нејзин.
Неговата насмевка и не беше нешто што би можело да му припаѓа на оваа планета. Тоа беше нешто возвишено, нешто што не постои кај никој друг освен кај него.
-Еј?-( испушти со разнежнен трематичен глас).
-Те сакам.
-Не зезај, ако ова е сакање тогаш што е со моите чувства?!

-Мислиш?!-(демек зачудувачки праша). Моите се посилни.

Демек јас не те сакам??- Јас сум искомплексиран човек убавице моја.
-И јас тебе.(иако тоа му го имаше сто пати повторено овој пат како да беше првиот).
Не се слушаше ништо од вревата во клубот, но таа разбра се.
Најпосле, неговата лева рака лизгаќи се по кафеавиот прамен од нејзината коса.
А неговата десна рака полека зграпчувајќи ја нејзината наивност.
Се чувствуваше спокојно со него, во неговата прегратка. Иако, беше една од ретките кој се чувствуваа спокојно со него.
Бакнежи, и ежеше на секој детал од кожата.

Беа најубави, единствени. Но само кога беа заедно.
Зуле Василева 2015

large (2)